ЈКП "Брегалница"-Делчево

ул. „Методи Митевски-Брицо” бр.36
тел:(033) 411-254; (033) 411-100



28.10.2024

Свеченото пуштање во употреба на пречистителната станица во Тработивиште.

Делчево и делчевчани можат да бидат горди што конечно имаме најсовремена фабрика за чиста вода!Свеченото пуштање во употреба на пречистителната станица во Тработивиште.

Повеќе фотографии од Генералка викендот може да погледнете во делот Фото Галерија.




22.03.2024

СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА 22 МАРТ 2024

„Чиста вода за Делчево- секоја капка е важна“ е слоганот под кој на 22 Март 2024 (петок) преку спортски игри ќе се одбележи Светскиот ден на водата. Покрај спортските игри во кои учествуваат децата од детската градинка „Весели Цветови“, како и учениците од двете основни училишта во Делчево и Дневниот центар за лица со посебни потреби, оваа година ќе има и аукција на изработените уметнички дела од нивна страна. Средствата ќе се бидат целосно донирани на децата од социјален ризик.

Дојдете, бидете дел од настанот и доколку сте во можност донирајте. Секоја Ваша поддршка е добредојдена. ! Настанот ќе се одржи на сцената пред Општина Делчево во 11:00 часот. Донациите ќе бидат јавно објавени (доколку е одобрено од страна на донаторите). Проект за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, Општина Делчево и ЈКП Брегалница Делчево (во соработка со Црвен Крст и образовните институции од Делчево

Card image cap



26.02.2024

Центар за корисници на ЈКП „Брегалница"

Почитувани корисници! Со цел подобрување на услугите кон вас граѓаните, оваа сабота 02.03.2024 год, ќе започне со работа Центарот за корисници на ЈКП „Брегалница" со седиште на новиот Градски пазар.

Центарот за корисници ќе биде отворен секоја сабота, со работно време 07:00- 15:00 часот. Услуги кои можете да ги користите:

  • Плаќање сметка
  • Пријавување состојба на водомер (со слика)
  • Вадење на копија од сметка за вода
  • Барање за промена на водомер
  • Пријавување на дефект
  • Добивање инструкции за плаќање на сметка и пријавување на состојба on line (преку web страната на Јкп „Брегалница")

Објавата погледнете ја и на нашиот Facebook профил



12.05.2023

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Оваа година, ЈКП „Брегалиница“, Општина Делчево, ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св. Климент Охридски“ за прв пат се приклучуваат кон акцијата за чистење насловена „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“ која ќе се одржи на 12.05.2023 (петок). Тргнувањето на сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат кон акцијата е во 09.30 часот од паркингот пред Спомен-дом АСНОМ, за учесниците во акцијата е обезбеден соодветен алат и пијалоци за освежување. Предвидено е да се чисти на локација во близина на с. Очипала.

Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка, МЕН ЕНД МАУНТЕН ја организира оваа пролетна акција за чистење секој втор викенд од Мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да се исчисти отпадот кој се создава и да го рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат. Оваа ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 23 ќе се одржи на 12.-14. Мај 2023 година во 53 општини – што претставува повеќе од 1.500.000 граѓани. Годинешната ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД вклучува:

  • 53 општини учеснички
  • повеќе од 85% од вкупното население на Северна Македонија
  • повеќе од 13.000 волонтери
  • повеќе од 400 училишта

Повеќе фотографии од Генералка викендот може да погледнете во делот Фото Галерија.



22.03.2023

Светски ден на водата

Денеска, кога светот го одбележува Светскиот ден на водата, 300 ученици од основните училишта, заедно со дечиња од детската градинка и од Дневниот центар за лица со посебни потреби, се вклучија во настанот „Чиста вода за Делчево- спортуваме и донираме“.

Целта на активностите е значајна: да се подигне свеста за значењето на чистата вода за пиење и да се потенцира значењето за Делчево на проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“, финансиски поддржан од Швајцарската Влада и од Владата на РСМ и консултантската фирма ЕБП, но и да се сврти вниманието кон хуманоста и да се помогне на оние на кои им е потребна помош.

Со секој изминат километар децата донираа по 500 денари.

Ново возило за комунален отпад во ЈКП „Брегалница"




Ново возило за комунален отпад во ЈКП „Брегалница" Комуналниот отпад во Делчево и поголемите населени места во општината ќе се собира со ново современо возило за собирање отпад. Возилото пристигна во дворот на ЈКП „Брегалница" со што за прв пат од постоењето на ЈКП „Брегалница" со сопствени средства е изврши набавка на возило за собирање комунален отпад чија вредност со пресметан ДДВ изнесува 7 милиони денари. Возилото е марка рено, со капацитет од 14 м3 и еколошки стандард ЕУРО 6. Неговото ставање во функција значи решавање на горливиот проблем на претпријатието со честите дефекти на старите и дотраени возила, неможноста навремено и редовно да се собира отпад, но и зголемена ефикасност и ефективност во работата.

По приемот на возилото доставено од добавувачот „Симпекс", градоначалникот Трајковски и директорот на ЈКП „Брегалница", Стојковски, истакнаа дека со оваа набавка ќе се реализира планот за целосен опфат на поголемите населени места со услугите за собирање комунален отпад. - Ме радува фактот што ЈКП „Брегалница" продолжува со инвестициите за набавка на нови машини и опрема. Набавката на ова возило беше неопходна, за да може да се одговори и на потребите на граѓаните од градот и поголемите населени места, а во пресрет на отворање на регионалната депонија кај Свети Николе, но и подобрување на ефективноста и квалитетот на услугите со што директно ќе се придонесе во борбата со дивите депонии, редовно и навремено собирање на комуналниот отпад што оди во насока за почисто Делчево, рече градоначалникот Трајковски. ЈКП „Брегалница" во текот на минатата година и во рамките на проектот за регионалната депонија доби ново возило за собирање отпад со капацитет од 4 м3, што не ги задоволуваше потребите, а заедно со новите 169 контејнери кои до крајот на овој месец ќе се распределат по населените места, целосно ќе се одговори на потребите на граѓаните рече директорот Стојче Стојковски.

-Ова е прва сопствена инвестиција во ново комунално возило во ЈКП „Брегалница" и е согласно со бизнис-планот за работа на ЈКП за период 2018-2021 г и Годишната програма за работа. Ставањето во функција на новото возило ќе значи поредовно и поквалитетно собирање отпад, а ќе се реализира интенцијата на градоначалникот за собирање на отпадот од целата општина, односно да се вклучат и поголемите населени рурални места, Вирче, Стамер, Ѕвегор, и останатиот дел од руралните средини, потенцираше Стојковски. Во последните три години во ЈКП „Брегалница" се набавени машини и опрема во износ од 28 милиони денари, а вратен е и стариот долг кон УЈП во износ од 9 милиони денари.




Потпишан договорот за изградба на новата Пречистителна станица во делчевското село Тработивиште



Добитници на награди:


Слики од останатите учесници:


Доделување на награди: